13 Осомничени за инцидентите во ЈСП
МВР ги расчисти двата инцидента во автобусите на ЈСП со број 7 и број 33

МВР ги расчисти двата инцидента во автобусите на ЈСП со број 7 и број 33 што се случија пред неколку дена, а претходеа на најголемиот во 65-та.. Осомничени се за насилство 13 малолетници.. Двајца учествувале и во двата инцидента.. Четворица од нив пак и претходно и се познати на полицијата. Повеќепати добивале кривична пријава за насилно однесување.
За првиот случај осомничени се 3 лица од Скопје , 2 од Батинци, 2 од Грчец и едно лице од Студеничани.За вториот случај осомничени се едно лице од Скопје , 2 од Арачиново и по едно лице од Студеничани и Рашче, изјави помошникот министер за односи со јавноста во МВР Иво Котевски.
Во 33-тројка, група ученици без причина нападнале и повредиле 17- годишно момче . Во 7-мката, пак, настрадал две години помлад ученик од повеќемина негови врсници..
МВР продолжува да презема мерки и за насилството што се случи во автобусот 65 кај Стајковци. Повикани се голем број лица на сослушување и се уште се вршат идентификации. Не се исклучува можноста некој од веќе осомничените малолетници да учествувал и во ова насилство.
Нов апел за запирање на насилствата меѓу младите, упати заменик-министерот за образование од отворањето на Универзитетот на Југоисточна Еворпа лоциран на мостот што ги поврзува Центар и Чаир..
Меѓуетничко интергирање во еден објект, една институција како што е Универзитетот на Југоисточна Европа. Тоа значи презентирање на позитивните вредности и меѓусебното живеење, рече заменик минстерот за образование Сафет Незири
Само годинава МВР откри и санкционираше над 150 малолетници кои учествувале во насилства и инциденти .
Автор: Наташа Гркова Петрушевска
