Ковид-19

СЗО: Болниците може да се преоптоварат

19.12.2021 09:50

Омикрон варијантата на коронавирусот досега е регистрирана во 89 земји во светот и се шири бргу, дури и во регионите каде голем дел од населението е имунизирано, соопшти Светската здравствена организација.

Сè уште останува непознато дали моменталните вакцини штитат и од новата варијанта на коронавирусот и сѐ уште не може да се каже колку сериозна клиничка слика предизвикува Омикрон.

Омикрон варијантата на коронавирусот досега е регистрирана во 89 земји во светот и се шири бргу, дури и во регионите каде голем дел од населението е имунизирано, соопшти Светската здравствена организација.

Сојот е позаразен од Делта варијантата, а СЗО предупреди и дека на некои места болниците би можеле да бидат преоптоварени со толку брзиот раст на случаи.