Македонија
Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто во работна посета на Скопје
20.12.2021 09:07
Како што информираат од МНР, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи...

Mинистерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска престојува во еднодневна работна посета на земјава. Ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.
