Регионалана соработка

Отворен Балкан: Заев, Вучиќ и Рама во Тирана ќе потпишат шест договори

20.12.2021 09:20

Вучиќ, Рама и Заев ќе потпишат заеднички договор за услови за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан, како и договор за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од регионот.

Во Тирана денеска и утре нова средба на албанскиот и македонскиот премиер Рама и Заев и српскиот претседател Вучиќ, во рамки на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

Се најавуваат важни заклучоци и многу придобивки за граѓаните. Ќе бидат потпишани шест договори за соработка.

Вучиќ, Рама и Заев ќе потпишат заеднички договор за услови за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан, како и договор за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од регионот.

Деновиве тројцата лидери со отворено писмо за сите земји во регионот. Заев, Вучиќ и Рама ги поканија да се приклучат на „Отворен Балкан“ и да им ги понудат на граѓаните поволностите што ги нуди оваа иницијатива.