Кандидатот на ДПА Халими во Речане

01.04.2014 23:04

Деновиве контактирав со илјадници наши сограѓани кои ми се пожалија за своите проблеми...

Доколку ја добијам вашата доверба ќе се залагам за прогрес на населените места на албанците, да не се чувтсвуваат како граѓани од втор ред, рече пред присутните во Речани кандидатот за претседател на ДПА, Илијаз Халими.

„Му порачувам на Ахмети да не се грижи колку сум се изморил во оваа кампања, туку колку тој го измори народот овие 10 години колку што е  на власт“, нагласи Илијаз Халими.

Тешко им оди на нашите противници да не нападнат политички, истакна во оваа прилика претседателот на ДПА, Мендух Тачи.  Анализираат дали носам панцир под оделото- тоа збрува за нивната лудост и како да и се удри нож на мојата идеја, додаде Тачи.

Никогаш во живот не сум носел панцир. Затоа што мојот панцир како одбрана од тие удбаши е господ, народот, Арбен Џафери и националното прашање“, нагласи Мендух Тачи.

ДПА ја продолжува камапањата во Струга.

Фиљана Кока