КОВИД-19

Европа постепено се затвора поради ширењето на Омикрон

20.12.2021 09:57

Холандија е во едномесечен карантин, Лондон повторно прогласи вонредна состојба, а Италија, покрај потврда, бара и негативен ПЦР тест. Франција воведува ваква мерка за земјите надвор од Европската унија.

Омикрон ја затвора Европа пред новогодишните празници. Новиот сој на коронавирус е присутен во речиси 90 земји, а регистрирана е брза трансмисија и во региони со висока стапка на имунизација.

Холандија е во едномесечен карантин, Лондон повторно прогласи вонредна состојба, а Италија, покрај потврда, бара и негативен ПЦР тест. Франција воведува ваква мерка за земјите надвор од Европската унија.

Од вчера, за влез во Грција, независно од вакциналниот статус, е неопходен негативен ПЦР тест или антигенски тест.

Во Германија скандал со вакцини. Неколку деца случајно примиле доза од „Модерна“ - вакцина што не е сѐ уште одобрена за нивната возрасна група.

Во Белгија продолжуваат протести против рестрикциите.