Ковид-19

70% од капацитетите на Инфективна пополнети, нема препорака за нови мерки

20.12.2021 10:09

Надлежните здравствени власти без нови препораки за порестриктивни мерки, откако Омикрон се појави и во земјите од соседството. Кај нас и натаму доминантен Делта сојот. Директорката Стевановиќ сепак смета дека на границите треба да се дозволи влез само за вакцинирани. Инфективна исполнета со 70 проценти од капацитетот.

Поради ширењто на Омикрон и во пресерт на пазниците, многу држави се одлучија при влез да биде потребен сертификат за примени две дози или доказ за плежан Ковид-19. Според директорката на Инфективанта клиника Стевановиќ, оправдано е да се става акцент на имунизацијата и ваквата мерка е добра за заштита.

Според неа, зимскиот распустот ќе почне за десет дена од сега и тој нема ништо да смени. Омикрон засега не е потврден во државата. Податоците што ги имаме е дека пацинетите поминуваат со лесна клиничка слика, но не трба да се занемари фактот дека заболените се млади и здрави. Не можеме да бидеме сигурни дека таков ќе биде случајот и кај нас, вели Стевановиќ.

Засега 70 проценти од капацитетите на Инфективната клиника се пополнети. Пацинетите се со тешка или средно тешка клиничка слика, најголем дел од нив се на кислородна поддршка. Хоспитализираните се над трисесет годишна возраст. За 24 часа во амбулантата на Клиниката биле прегледани околу 30 пациенти.