Свет
Филипини: Над 200 загинати во тајфунот „Раи“
20.12.2021 10:43
Спасувачките операции се отежнати поради оштетената инфраструктура.

Бројот на жртви во тајфунот „Раи“ на Филипините надмина 200. Педесетина лица се водат за исчезнати во невремето кое се смета за едно од најсмртоносните во југоисточна Азија.
Спасувачките операции се отежнати поради оштетената инфраструктура.
Претседателот Родриго Дутерте вети помош од 40 милиони долари. Поради тајфунот, на архипелагот беа евакуираин 490 илјади луѓе.
