МВР

Контрола во угостителски објекти во Тетово, времено затворени два објекта

20.12.2021 11:57

Како што посочи портпаролот Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати шест лица без сертификат за вакцинација и две лица без документи за идентификација.

Во текот на викендот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово, информираат од МВР.

Како што посочи портпаролот Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати шест лица без сертификат за вакцинација и две лица без документи за идентификација.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени два угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени пет глоби на пет угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки.