Иванов во Виница најави нова инвестиција

01.04.2014 23:28

Во изминатите години направени се многу реформи, многу закони и промени за да создаде амбиент и услови за влез на странски компании. Изградбата на патишта, рече Иванов, се олеснување за влез на странските инвестиции, како што е најновата австриска инвестиција во Виница – третата фабрика на австриската текстилна компанија Текспорт...

„Гледате што прават нашите спортисти,  каква гордост ни се. Победуваат, затоа што тие работат тимски, како што ние во изминатиот период работевме заедно со оваа млада влада“, рече Ѓорѓе Иванов, на митингот во Виница. Како резултат на таа заедничка работа, влегоа две милијарди странски инвестиции, расте економијата, се изградија новите патишта, училишта и градинки. Во Виница во наредниот период, најави Иванов, ќе никнат две нови градинки, во градот и во соседно Истибања.
 
Во изминатите години направени се многу реформи, многу закони и промени за да создаде амбиент и услови за влез на странски компании. Изградбата на патишта, рече Иванов, се олеснување за влез  на странските инвестиции, како што е најновата австриска инвестиција во Виница – третата фабрика на австриската текстилна компанија Текспорт.
 
„Компанијата Макпрогрес со проширувањето и отворањето на нови 80 работни места  покажа како успева Македонија“, рече Иванов. „Регионот има вредни луѓе, кои ја очекуваат изградбата на технолошко – развојната зона во Виница, по примерот на оние кои никнаа насекаде низ Македонија“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ.
 
По пет позитивни извештаи и пет препораки за влез во Европската Унија, Македонија е блокирана, меѓутоа, продолжуваме да ја градиме Европа во Македонија. Само во текот на една година за субвенционирање на земјоделството, рече Иванов, се издвоени 500 милиони евра.
 
„Во текот на целиот мандат работев искрено и чесно. И како и пред пет години, и денеска дојдов со мојата програма да ја побарам вашата поддршка  и во наредните пет години да ги спроведувам вашите идеи и проекти“, рече Ѓорѓе Иванов пред виничани. Тој од граѓаните побара заедно да ја менуваат Македонија кон подобро.
 
На митингот во Виница, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов, на говорницата беше поддржан од коалиционерите Павле Трајанов од Демократски сојуз  и Малиша Станковиќ  од Социјалистичката партија.
 
Весна Коловска