Во Филхармонија завршна манифестација по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески“
На концерот ќе бидат интерпретирани „Молитва“ од Тодор Скаловски и „Записи“ од Томислав Зографски дела инспирирани од творештвото на Блаже Конески. Оркестрацијата е на Ангел Спировски, баритон – Горан Начевски.

Чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ ќе се заoкружи вечер со концерт во Филхармонија. На концерот ќе бидат интерпретирани „Молитва“ од Тодор Скаловски и „Записи“ од Томислав Зографски дела инспирирани од творештвото на Блаже Конески. Оркестрацијата е на Ангел Спировски, баритон – Горан Начевски.
Во фоајето на Филхармонијата, ќе може да се проследи и изложбата на илустрации пристигнати на конкурсот објавен од Факултетот за ликовни уметности за изработка на јубилејната книга „Блаже Конески поезија и кратка проза“, во издание на Струшките вечери на поезијата.
Иницијативата за Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ ја започнаа Министерството за култура и Министерството за образование и наука, а за меѓународните активности се вклучи и Министерството за надворешни работи.
Програмата, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, се реализираше во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство, се вели во соопштението од Филхармонија.
