Цената на горивата остнаува иста, одлучи Регулаторната комисија

20.12.2021 12:17

Литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 73 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, а цената на литар дизел останува 64,5 денари...

Бензините и дизелот и неделава ќе се продаваат по иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 73 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, а цената на литар дизел останува 64,5 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за половина денар и ќе се продава за 64 денари, а се намалува и цената на мазутот.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати ќе бидат пониски за 0,25 проценти, како резултат на движењето на цените на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.