Соседство

Радев ќе го свика Советот за национална безбедност во јануари – главна тема Македонија

20.12.2021 12:45

Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција, изјави бугарскиот претседател...

Бугарскиот претседател Румен Радев во првата половина на јануари ќе го свика консултативниот совет за национална безбедност. Главна тема ќе биде Македонија.

Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес, изјави Радев.

Бугарскиот премиер Кирил Петков претходно изјави дека има желба да се сретне со новиот македонски премиер во првата половина на јануари.