Соседство

Мицотакис: Очекуваме наскоро да бидат свикани меѓувладините конференции со Македонија и Албанија

20.12.2021 12:53

Грција поддржува старт на преговорите на Mакедонија и Aлбанија со ЕУ. Очекува исполнување на критериумите...

Грција поддржува старт на преговорите на Mакедонија и Aлбанија со ЕУ. Очекува исполнување на критериумите, меѓу кои е и добрососедството, но и поддршка од Бугарија.

„Најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините конференции со Република Македонија и Албанија“, нагласи Мицотакис, потенцирајќи дека Грција која „отсекогаш била лост за напредок на регионот очекува поддршка од Бугарија за оваа заедничка цел".

Мицотакис денеска престојува во посета на Софија.