Повлечен списокот за помилување на затвореници
Повлечен е списокот на лица предложени за помилување што треба да биде доставен до претседателот на државата Стево Пендаровски...

Најавата за помилување или намалување на казните на осуденици, ја крена јавноста на нозе. Министерот за правда не дава никаков предлог за помилување. Овој случај е специфичен, бидејќи се работи за групни помилувања и листите кои се предложени ги прават директорите на затворите, објаснува Маричиќ. Вели дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите.
Заменик-министерот за правда Агум Нухиу, се огласи со соопштение на Фејсбук. Во него тврди дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од Маричиќ, а кој треба да биде испратен до претседателот Пендаровски.
На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување има 48 лица, меѓу нив бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4-годишниот Алмир во Куманово.
