Македонија

Недостиг на квалификуван кадар во земјоделството

20.12.2021 14:30

Потпишани шест договори за мерката „Млад земјоделец“. Од 111 пристигнати апликации, 50 фармери ги исполнија условите за неповратен грант во вредност до 10 илјади евра. Средствата ќе бидат наменети за почнување свој бизнис и инвестиции во нови дејности...

Недостигот на квалификуван кадар се чувствува во земјоделскиот сектор. Малиот број студенти на земјоделските науки треба да биде аларм, вели деканот Танасковиќ. Посочува дека потребни се итни мерки за да се поттикне интересот за оваа струка.

Од ресорното министерство пак, велат дека младите гледаат перспектива во земјоделскиот бизнис. Оттаму велат дека во аграрот ја бараат егзистенцијата. За мерката „Млад земјоделец“ потпишани шест договори наменети за бизнис и инвестиции во нови дејности.

Од вкупно 111 пристигнати апликации 50 земјоделци ги исполниле условите за неповратен грант во вредност до 10 илјади евра. Со мерката се предвидува вкупно 28 милиони денари да добијат 50 млади земјоделци.

 

Дијана Ценевска