Македонија

Подигнување на свеста за борба против говорот на омраза

20.12.2021 15:36

Потребно е подигнување на свеста за борбата против говорот на омраза, кој таргетира специфични заедници и поединци во општеството. Говорот на омраза најизразен на социјалните медиуми...

Секој час, секој момент, секое слободно време да ја подигнуваме свеста за борба против говорот на омраза. Во земјава почна кампања на Eвропската унија и Советот на Европа, преку којашто треба да се препознаат различните форми на говорот на омраза коишто таргетираат специфични заедници и поединци во општеството.

Во последниве години, говорот на омраза е во подем, особено на социјалните медиуми. Пораката е наместо омраза, да споделуваме љубов, разбирање и почит за секого.

Кампањата се спроведува онлајн, преку различни канали на интернет и на социјалните мрежи, но и преку традиционалните медиуми и јавни настани.

 

Ана Јосифоска Тодоровска