МАНУ

Одбележани 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески

20.12.2021 15:47

Одбележани 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески. Во МАНУ, свечен собир за таткото на македонската научно-критичка мисла, за еминентниот филолог, професор, поет. Учесниците оценија - чествувањето на Конески е чествување на кодот на нашата држава, нација и идентитет...

Јазикот е нашата единствена татковина, е една од мноштвото пораки на Конески која неретко ја цитираме, а ни остави уште многу. А денес, пак, одново се соочуваме со предзивиците за кои што Конески говерел уште тогаш, порака од свечениот собир во Македонската акедемија на науките и уметностите, по повод 100 години од раѓањето на поетот, прозаист, есеист, лингвист, филолог, книжевен историчар и критичар, Блаже Конески.

Следењето на неговите пораки, принципи и вредности не е задача само на филолозите и лингвистите, туку на сите што ја сочинуваат современата македонска стварност.

Македонскиот народ имаше среќа да има таков припадник во мигот кога му беше најпотребен, Конески беше човек со ѕвезда, спојувајќи ги во едно личната и колективна судбина, беше кажано на свеченоста.

За јубилејот претставено и целокупното уметничко и научно дело на Конески содржано во 12 томови, а беше промовирана и интернет страницата со дигиталните изданија.

Марија Котовска