Законски измени

Од 1-ви јануари недела ќе биде неработен ден

20.12.2021 16:05

Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците го донесоа законот со којшто недела се прогласува за ден за одмор. Решението ќе важи од 1-ви јануари. Осум проценти од работниците, коишто поради природата на дејноста мораат да работат во недела, ќе добиваат повисока дневница, а им следува и слободен ден. Ова беше едно од барањата на синдикатите на неодамнешниот протест...

Од 1-ви јануари наредната година недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе мора да работат трудот ќе им биде платен за 50% повеќе, а ќе имаат право и на еднодневен одмор во наредните седум дена. Законски нотирана 41 дејност каде поради природата на производствениот процес ќе се работи во недела.

„Законското решение пердвидува прекршителите на законот што ќе го констатира Дтжавниот инспекторат за труд 15 дена да им бидат затворени работните простории каде што бил направен прекршокот. Доколку биде повторен прекршокот ќе бидат затворени дополнителни 30 дена, а работниците ќе добиваат надомест на плата за тоа време“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Реагираше опозицијата, смета дека со законот се прави дискриминација на дејностите и на фирмите, и им се дава можност на работодавачите да го изиграат законот и да го злоупотребат трудот на работниицте.

„Ќе има дискриминација затоа што малите продавници и супермаркетите со помала површина нема да можат да работат во недела, но оние со површина над 8.000м2 во моловите ќе можат да работат во недела“, рече Ангелинка Петковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека немало јавна расправа каде сите засегнати страни ќе ги презентирале ставовите за понуденото законско решение, а не биле разгледани ниту нивните шест амандмани. Од тие причини опозицијата не гласаше за предлог законот за недела неработен ден и одговорноста за последиците ги префрли на власта.

Свето Николовски