Работничките права се губат во лавиринтот на институциите
Застарени формулари или некомплетна документација во записниците на трудовите инспектори се најчестите причини второстепената комисија да не постапува во заштита на работничките права. Од „Гласен текстилец“ апелираат за јакнење на соработката на трудовите инспектори и Државната комисија за одлучување во втор степен која го има крајниот збор во инспекцискиот надзор и прекршочната постапка...

Потребна е поефикасна комуникација на трудовите инспектори и Државната комисија за одлучување во втор степен, како би имало квалитетна заштина на работничките права. Ова е заклучок од теренското истражување на „Гласен текстилец“. Велат често се случува заради технички пропусти во записниците на инспекторите, Комисијата да одлучи во корист на работодавачите.
Димитринка Динова е една од многуте работнички кои останаа и без работа и со неисплатени плати. Минатата година на адреса на второстепената комисија пристигнале 504 жалби иницирани од инспекциски надзор од кои дури 480 биле од страна на работодавачи. Сите се однесувале на забелешки во записникот на трудовиот инспектор.
Просечно десет жалби годишно Државната комисија отфрла заради технички пропусти, додека бројот на уважените жалби против решенијата на инспекторите е шест пати поголема, стои во извештајот на Државната комисија за минатата година.
Славица Величковска
