Поповски: Да си ја средиме државата одвнатре, за да не сакаат однадвор

01.04.2014 23:40

Ќе ги штитам интересите на граѓаните и нема да дозволам нерационално трошење на пари и зголемување на сиромаштијата, рече пред граѓаните на Кисела Вода претседателскиот кандидат на коалицијата на ГРОМ, Зоран Поповски...

„Нашиот пат е обратен, дајте да си ја средиме државата одвнатре, за да не сакаат однадвор, во спротивно, нема далеку да стигнеме“, истакна Поповски. 

Ние од ГРОМ ниту ќе го менуваме името ниту ќе прифатиме референдум. Ние ќе бидеме третата опција во Мaкедонија, рече на митингот претседателот на ГРОМ, Ствчо Јакимовски.

„Промени во Македонија ќе се случат, не со главната опозициона партија, промените може да се случат со ГРОМ“, нагласи Јакимовски.

На митингот пред граѓаните на Кисела Вода својата подршка за Зоран Поповски ја искажаа и коалиционите партнери на ГРОМ .

 

Викторија Тодоровска