Активни 5.377 ковид- случаи во земјава, нема најави за нови мерки
Засега според надлежните институции нема најави за нови рестриктивни мерки меѓу кои и предвремено почнување на зимскиот распуст за учениците поради проценките дека состојбата со ширењето на вирусот е стабилна.

Во државава се активни 5.377 ковид- случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 221.411, а починале 7.825. Од новозаразени 127, најмногу има во Скопје 90, по што следува Охрид со девет, Битола и Штип по шест.
Засега според надлежните институции нема најави за нови рестриктивни мерки меѓу кои и предвремено почнување на зимскиот распуст за учениците поради проценките дека состојбата со ширењето на вирусот е стабилна.
Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера изјави дека тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на МОН. Таа смета дека нема потреба од негово поместување зашто состојбата со Ковид-19 и натаму е стабилна.
Доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со Омикрон и ако во други сектори се донесат други, како што рече, драстични мерки за ограничување, МОН тогаш има одговорност да ги разгледа тие факти и аргументи и заедно со Комисијата за заразни болести ќе донесе одлуки што ќе бидат во интерес на учениците и на заштита на јавното здравје.
