Македонија

Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп во посета на земјава

21.12.2021 09:36

По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести пред законодавниот дом Шентоп ќе има средба со неговиот домаќин Талат Џафери и ќе се потпише во Книгата на впечатоци.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп денеска е во посета на земјава.

По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести пред законодавниот дом Шентоп ќе има средба со неговиот домаќин Талат Џафери и ќе се потпише во Книгата на впечатоци.

Предвидено е и обраќање на Шентоп пред пратениците на Собранието, како и средба со претседателот Стево Пендаровски.