Голема полициска акција- се апсат шверцери на цигари

01.04.2014 23:59

Полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите кои се обидувале да побегнат со џип...

На неколку локации во Источна Македонија денеска се спроведувала голема полициска акција. Како што пренесува „Прес 24“, станува збор за акција во која се апсела поголема група шверцери на цигари, а во зелениот пограничен дел дошло и до пукање.

Полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите кои се обидувале да побегнат со џип. Потерата завршила кога осомничените со својот теренец удриле во дрво по што биле приведени.

Од МВР ја потврдуваат веста дека спроведуваат голема полициска акција, но не откриваат повеќе детали. Јавноста ќе ја информираат во текот на утрешниот ден.