Регионална соработка

Состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана

21.12.2021 10:50

Во Тирана денеска се одржува состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, кој започна со работна средба на лидерите - Заев, Вучиќ и Рама...

Почна седмиот состанок во рамки на иницијатвата „Отворен Балакан“. Во Тирана се македонскот премер Зоран Заев и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама со повик до Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да станал дел од оваа иницијатива.

„Денешниот ден е клучен момент во нашиот процес, бидејќи договорите што ќе бидат потпишани ќе направат важен чекор напред кон нашата цел; да гарантираме целосна слобода на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Дозволете ми да поминам низ секој столб на Отворен Балкан со повторување на повикот за сите да се приклучат, бидејќи Отворен Балкан е инклузивна иницијатива и секако охрабрувајќи ги другите три земји во регионот да бидат дел од овој напор,за да одиме напред за доброто на наштенарод“, нагласи Рама.

Во своето воведно обраќање, премиерот Заев нагласи дека „Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но иницијативата е отворена за сите земји во регионот.

„Од првата средба во Скопје во јули и првото потпишување на договорите, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции, што несомнено го покажува нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи. Токму овој капацитет ќе го покажеме пред европските институции на патот на нашите евроинтеграции“, истакна премиерот Заев.

На состанокот во Тирана ќе бидат потпишани повеќе мултилатерални и билатерални договори во насока на реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан.

На Самитот во Тирана учествуваат и комесарот за проширување и соседски политики на ЕУ Оливер Вархеји, генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мејлинда Брегу, претставници на стопанските коморите на Албанија, Северна Македонија и Србија, како и голем број претставници на деловните заедници од трите земји и регионот.