МЗ: Месечниот надомест на приватните специјализанти ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година

21.12.2021 11:18

Министерсвото информира дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.

Министерството за здравство ги информира приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година.

Министерството информира дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.

За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари.

Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата, информираат од ресорот здравство.