Судство

Случај „Ласкарци“: Битолскиот Технички факултет го одбил барањето за супервештачење

21.12.2021 11:44

Предметот е веќе испратен во Бирото за судски вештачења за да се формира тим и да го изготват супервештачењето. Потоа се очекува доказната постапка да биде затворена и да има завршни зборови и пресуда.

Битолскиот Технички факултет го одбил барањето да изврши супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, неопходно за доказната постапка и донесување првостепена пресуда, информираат од скопскиот Кривичен суд.

Од таму појаснуваат дека лиценцираните вештаци за машинство се стручни само за енергетика и неможат да вештачат моторни возила.

И Штипскиот универзитет и Машинскиот факултет во Скопје немаат доволно лиценцирани вешти лица.

Предметот е веќе испратен во Бирото за судски вештачења за да се формира тим и да го изготват супервештачењето. Потоа се очекува доказната постапка да биде затворена и да има завршни зборови и пресуда.

Одредени се шест термини за судењето, еден на 25-ти јануари, а другите пет во февруари идната година, соопштија од скопскиот Кривичен суд.