Иванов во Радовиш: Нема да дозволам македонските граѓани да бидат обезличени
„Едно име имаме во душата го носиме“ со ова песна илјадници радовишани го пречекаа претседателот Иванов кој овде во Радовиш по втор пат ја побара нивната доверба...

„Нашиот јужен сосед со години бара да се откажеме од сопствениот идентитет. Незнам за моите против кандидати, но мојот став за ова прашање е кристално јасен - нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик и макеоднскиот модел на соживот“, рече Иванов пред радовишани.
„Нема да дозволам Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени. Никој освен македонските граѓани нема право да одлучува за иднината на Македонија“, нагласи Иванов на митингот во Радовиш.
„Ѓорѓе Иванов му припаѓа на тимот кој гради и остварува, ветува и затоа дава отчет“, вели Владимир Пешевски член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и вице премиер задолжен за економски прашања.
„Ни треба претседател чесен, верен и докажан како што е Ѓирѓе Иванов“, им порача Пешевски на радовишани.
Наташа Гркова- Петрушевска
