Македонија

Арбитражата- можност за мирно и брзо решавање на работните спорови

21.12.2021 12:23

Илијадници предмети годишно завршуваат пред домашните судови наместо со помош на арбитер, бесплатно да се решат во кратки рокови. Досега со епилог завршиле само осум работни спорови во рамките на арбитражата и помирувањето...

Граѓаните немаат навика мирно и вонсудски да ги решаваат работните спорови. Илијадници предмети годишно завршуваат пред домашните судови наместо со помош на арбитер, бесплатно да се решат во кратки рокови. Досега со епилог завршиле само осум работни спорови во рамките на арбитражата и помирувањето. За да се зголеми употребата на овие алатки, потребна е поголема информираност на граѓаните, но и сериозна реформа во законската регулатива.

Индивидуалните спорови поврзани со отказот и паричните побарувања треба да се во фокусот на мирното решавање, оценуваат професорите додека, пак, колективото преговарање и штрајкот спаѓаат во областа којашто во иднина треба да се развива.

Од европските земји, Ирска има најдобро развиена пракса на оваа тема.Во регионот предничи соседна Србија.

 

Анита Димитријевска Велковска