Куманово

Уапсени цариници и полицајци за шверц на дрога

21.12.2021 12:35

Полицајци и цариници се уапсени во акцијата која утринава ја спроведуваат припадниците на специјалната единица. Акцијата која што се спроведува во Куманово и Скопје е против група која се занимавала со шверц на дрога...

Голема полициска акција во „Диво насеље“ во Куманово и Скопје, против група која се занимавала со шверц на дрога. Како што првично дознава МТВ во истрагата која што ја води Обвинителството за организиран криминал и корупција, приведени се деветмина, меѓу кои петмина цариници, двајца полицајци и две други лица. Запленети се и наркотици.

Приведените веќе се пренесени пред судија на претходна постапка во Скопска „единица“. Акцијата започна рано утринава на повеќе локации во Скопје и Куманово.

После неколку часа заврши полициската акција која што започна рано утринава во „Диво насеље“. По целосно пребарување на објектите припадниците на специјалната единица ја напуштија локацијата.

Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството најавија во текот на денот.

Елена Георгиевска