Гебрејсус: Премногу рано е да се заклучи дека Омикрон е поблага варијанта
Првичните податоци од делови на Јужна Африка остават погрешен впечаток поради високите нивоа на постоечки имунитет меѓу населението...

Светската здравствена организација смета дека е премногу рано да се заклучи дека варијантата омикрон е поблага од другите видови на коронавирус. Организацијата додава дека сепак може да разболи доволно луѓе за да ги „преоптовари“ здравствените системи. Гебрејсус препорача откажување на настаните за време на божиќните и новогодишните празници поради растот на бројот на случаи со новата варијанта.
„Доколку не се обидеме да ги вакцинираме невакцинираните, можеби нема да го добиеме посакуваниот исход. Болниците се полни со луѓе кои не се вакцинирани. Многу студии покажуваат дека 80 насто од хоспитализираните луѓе се всушност неимунизирани. Убедете ги луѓето да се вакцинираат и уверете се дека вакцинит се безбедни бидејќи дури и двете дози ја намалуваат заканата од смрт“, изјави Тедрос Аданом Гебрејсус, генерален директор на СЗО.
Првичните податоци од делови на Јужна Африка остават погрешен впечаток поради високите нивоа на постоечки имунитет меѓу населението.
Омикрон брзо стана доминантната варијанта на коронавирусот во САД. Според Центарот за контрола и превенција на болести, бројот на заразени со новиот сој шесткратно се зголемил за само една недела.
„Разбирам дека на сите ви е преку глава од сето ова, но, како што очекувавме, најновата актуелна варијанта на Ковид-19 пристигна во полна сила“, рече Лина Хидалго, судија од Тексас.
Властите во Нов Зеланд, пак, го одложуваат планираното постепено отворање на границите до крајот на февруари, поради Омикрон. О островската држава во јужниот дел на Пацификот почна со укинување на мерките против пандемијата, а ограничувањата за меѓународно патување требаше постепено да се укинат од почетокот на јануари, со целосно отворени граници до април.
Од друга страна, Куба вакцинираше над 90 насто од своето население со најмалку една доза од вакцината против коронавирусот. 83 насто се целосно вакцинирани. Државата имунизирала повеќе граѓани против коронавирусот отколку повеќето најголеми и најбогати земји во светот.
Марина Ристова
