Аналитичари: Немањето константен став по однос на името и штети на државата

02.04.2014 00:22

Опозицискиот кандат за претседател Стево Пендаровски час поскоро да се изјасни по прашањето за името за да не ја радува предвреме грчката страна, која во него гледа сојузник за решавање на спорот во корист на Грција...

Аналитичари за МТВ велат дека ставот на неговата партија, прво име со географска одредница, а потоа усвојување на име преку моделот на рамковниот договор остава впечаток дека политиката на СДСМ е пофлексибилна.

„Дали тоа значи дека во Македонија повторно лидерите ќе се соберат некаде далеку од очите на јавноста и ќе одлучат нешто под страшен странски притисок, кое што потоа ќе треба да биде испорачано на граѓаните на Македонија без тие да се изјаснат“, вели аналитичарот Ивица Боцевски.

Од цвртстиот став на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов за неменување на уставното име, јужниот сосед не е одушевен, коментираат аналитичарите.

„Тие можеби гледаат дека опозицискиот кандидат би можел повеќе да се приближи кон нивните ставови, тука веќе не станува збор за преговарање. Од грчка страна, преговорите едноставно значат - попуштање на македонската страна на нивните црвени линии“, вели Владимир Божиновски.

Божиновски вели дека грчките медиуми веќе изразувале симпатии кон пристапот на опозицискиот кандидат Пендаровски, кој според нив немал конзинстентенстав за прашањето со името, зашто тоа ќе и овозможи на Грција да поентира и да го реши проблемот во своја корист, анализира Божиновски.

Анита Димитријевска