Политика

Мицкоски: Ќе ги искористиме сите демократски алатки за да издејствуваме одржување на предвремени избори

21.12.2021 16:17

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, новата влада ќе има нелигитимен премиер, кој како што рече, бил инсталиран на таа позиција. Затоа повика што поскоро да се одржат нови избори, за народот да одлучи кој ќе ја формира новата владата...

ВМРО- ДПМНЕ и опозицијата ќе ги искористат сите демократски алатки за да издејствуваат одржување на предвремени парламентарни избори, вели лидерот на партијата Мицкоски. Според него, новата влада ќе има нелигитимен премиер, кој како што рече, бил инсталиран на таа позиција. Затоа повика што поскоро да се одржат нови избори, за народот да одлучи кој ќе ја формира новата владата.

Мицкоски не очекува големи промени по формирањето на новата влада, затоа што според него заевизмот и натаму ќе остане.

Неговиот предлог- претседателот на Алтернатива, Афтим Гаши да биде идниот мандатар за состав на новата влада не наиде на поддршка кај СДСМ и ДУИ. Според Мицкоски, со овој потег двете партии ја откриле, како што рече, нивната калкулантска игра, и смета дека конечно се затворила темата на национализам и поделби.

Рече дека нема да ги дели луѓето по национална, верска или политичка припадност, туку доаѓаат политичари кои што ќе обединуваат.

Викторија Милевска