Железото- важен минерал

21.12.2021 17:08

Недостигот од железо предизвикува анемија. Оптималното количество железо може да се обезбеди преку правилна исхрана со намирници, кои го содржат овој минерал.

Железото е есенцијален минерал за добро здравје. Има неколку важни функции, од кои главна е пренесувањето на кислородот низ телото, како и учеството во изградбата на црвени крвни зрнца.

Недостигот од железо предизвикува анемија. Оптималното количество железо може да се обезбеди преку правилна исхрана со намирници, кои го содржат овој минерал.

Меѓу нив е спанаќот, кој може да се користи на различни начини. Месото е еден од најбогатите извори на железо. Железо има и во мешунките, како што се грав, леќа, наут, грашок, соја.

Семките од тиква се богати со железо, можат да ссе јадат самостојно, или додани во јадења и салати.

Железото е присутно и во киноата и месото од мисирка, кое во последно време е сѐ побарано.

Железо за организмот може да се обезбеди ако во исхраната се влучат и брокула, риба, темно чоколадо.

 

Аида Николовска