Македонија

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски пред пратениците во Собранието

22.12.2021 09:00

Шефот на државата, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година...

Претседателот Стево Пендаровски денес во законодавниот дом ќе го одржи своето годшно обраќање пред пратениците во рамки на 55-тата собраниска седница. Обраќањето на шефот на државата е најавено за 12 часот, а директен пренос ќе врши МРТ1.

Шефот на државата, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година.

Оваа година Пендаровски на пратениците ќе им се обрати во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето.