Премиерот Заев денеска поднесува оставка од функцијата
Премиерот претходно најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на оваа недела и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Премиерот Зоран Заев денеска треба да ја поднесе својата оставка од премиерската функција, веднаш по завршувањето на годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.
Заев претходно изрази очекување, по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Претседателот Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.
