Македонија

МНР: Патни исправи со скратена постапка и за дијаспората во Чикаго

22.12.2021 09:40

Досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле, соопштуваат од МНР.

Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле, соопштуваат од МНР.

„Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на оваа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга“, изјави генералниот конзул во Чикаго, Петрит Муслиу.

За леснотијата и ефикасноста на целиот процес се изјаснија и наши тамошни граѓани.

„Само што дојдов да го обновам пасошот кој ми е истечен. Целиот процес беше многу добар и завршив работа во рок од 30 минути, искуството беше многу пријатно и ја ценам нивната помош“.

„Постапката беше брза, за помалку од половина час, а за четири недели ќе имам нов пасош.“

„Бев тука на време, веднаш ме примија и завршив работа за половина час, така што секој треба да дојде во конзулатот во Чикаго.“

Благодарноста на дијаспората за проектот за мобилно издавање патни исправи е доказ дека Министерството за надворешни работи преку својата мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва останува во служба на дијаспората, соопштуваат од МНР.