Субвенции и за ловиштата

02.04.2014 09:15

Годинава, државните репрoцентри и ловишта ќе добијат два милиони денари. Средствата се за храна на дивечот и за унапредување на оваа профитабилна дејност...

За државните ловишта Лешница, Јасен и Јасен 1 годинава се обезбедени 2 милиони денари. 
 
Финансиската поддршка треба да помогне во развојот и унапредувањето на ловството.
 
Управителите на ловиштата ќе добијат средства во висина од 50 проценти од трошоците за храна за дивечот наведени во договорот за користење.
 
За изградба на потребнити објекти, односно хранилишта, поилишта и други градби, државата исто ќе учествува во покривање на половина од трошоците.
 
Исплатата е според договорот за управување потпишан од страна на Владата и управувачот.
 
Методија Трајков