МВР

Приведен гостиварец, на тезга продавал петарди

22.12.2021 10:40

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници вчера околу 16 часот и 35 минути, на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, го лишиле од слобода Б. А. (49). При контрола во монтажна дрвена барака биле пронајдени околу 1.600 разновидни петарди и друга пиротехника.

Гостиварец е лишен од слобода откако при контрола на тезга на која продавал предмети и украси, била најдена поголема колична петарди и пиротехнички средства.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници вчера околу 16 часот и 35 минути, на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, го лишиле од слобода Б. А. (49). При контрола во монтажна дрвена барака биле пронајдени околу 1.600 разновидни петарди и друга пиротехника.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ .