Пандемија
СЗО: Значителен пораст на заразени со Ковид-19 во Африка
22.12.2021 10:51
Според неделниот билтен на организацијата, расте бројот на случаи и во западниот дел на Пацификот.

Светската здравствена организација регистрира благ пад на бројот на новозаразени и починати од коронавирус во светот. Значителен пораст на новозаболените лица е забележан во Африка, 53 насто, каде што стапката на смртност е зголемена за 15 проценти.
Според неделниот билтен на организацијата, расте бројот на случаи и во западниот дел на Пацификот. Најголем број на нови инфекции минатата недела биле регистрирани во САД, Обединетото Кралство, Франција и Германија.
