Македонија
Во возење се запалил автомобилот на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Манасков
22.12.2021 11:17
Во несреќата нема повредени лица. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје...

„Мерцедесот“ на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков се запалил синоќа во возење на обиколницата во близина на клучката „Мирковци“ и изгорел за неполни три минути. Во несреќата нема повредени лица.
На 21.12.2021 во 21.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница, во близина на клучка „Мирковци“, настанал пожар во патничко возило во движење „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(48) од Скопје, потврдуваат од МВР.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. МВР наведува дека веќе е извршен увид.
