Ковид-19

Филипче: Нема потреба за дополнителни мерки за Новогодишните празници

22.12.2021 12:20

Според него актуелните мерки се добри, а едиствен излез од пандемијата е во вакцинацијата...

Не се планирани нови мерки за заштита од Ковид- 19. Министерот за здравство Филипче смета дека за Новогодишните празници нема потреба од воведување нови рестрикци. Според него актуелните мерки се добри, а едиствен излез од пандемијата е во вакцинацијата.

„Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на Новогодишните празници сметам дека се доволни со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Ќе се достигне кулминација за време на Новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за Новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Оцени дека е мирна состојбата со коронавирусот, болниците се растеретени, а од понеделник се затвораат ковид одделенијата на интерните клиники.

Според Филипче, досега во земјава не е регистриран случај на заразен со Омикрон мутацијата.