Русија

Путин: Сериозни разговори со НАТО за безбедносните гаранции

22.12.2021 11:34

Путин при првиот телефонски разговор со новиот германски канцелар Шолц му ги пренел деталите за предлозите кои неодамна беа испратени до НАТО и САД.

Рускиот претседател Путин повика на „сериозни“ разговори со НАТО за руските предлози за безбедносни гаранции што ги бара Москва, соопшти Кремљ.

Путин при првиот телефонски разговор со новиот германски канцелар Шолц му ги пренел деталите за предлозите кои неодамна беа испратени до НАТО и САД.

Претходно Путин разговараше и со претседателот на Франција, Макрон, додека американските власти изразија очекување дека во јануари ќе го продолжат дијалогот со Русија за Украина и безбедноста во Европа.