Реновирани простории на Клиниката за ортопедија
Отсега пациентите ќе се лекуваат во најсовремени услови по сите стандарди. Парите се обезбедени од Министерството за здравство и дел од донации. Од менаџментот очекуваат со реконструкција да биде опфатен и одделот за КАРИЛ.

Пуштени во употреба реновираните простории на Клиниката за ортопедија. Отсега пациентите ќе се лекуваат во најсовремени услови по сите стандарди. Парите се обезбедени од Министерството за здравство и дел од донации. Од менаџментот очекуваат со реконструкција да биде опфатен и одделот за КАРИЛ.
Ова е најголема инвестиција на Клиниката за Ортопедија во изминативе неколку децении и е реализирана во време на пандемија на корона вирусот. Универзитетската Клиника за Ортопедски болести располага со 70 болнички кревети сместени во 20 болнички соби каде се лекуваат пациенти од детска, па се до адултна возраст. Во склоп на Клиниката е и Единицата за интензивна нега и терапија која во склоп на оваа реконструкција е опремена со нови монитори за следење на виталните параметри на пациентите. Реновирани и опремени се и собите за интервенција на секој оддел, како и сите останати помошни простории, истакна д-р Александар Трајановски директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Со ова реновирање се заокружува еден процес кој значи осовременување на овие капацитети за лекување, реновирани операциони сали, што значи целокупниот процес на лекување хируршка интервенција, постоперативно закрепнување, делот за интензивна нега се одвива во посебни и нови простории – изјави министерот за здравство Филипче.
