„Вазали, купен легитимитет со крадени гласови, егзодус“
Претставувањето на програмата на Илија Страшевски...
Претставувањето на програмата на Илија Страшевски, новонаименуваниот македонски амбасадор во Косово, падна во сенка во Комисијата за надворешна политика по размената навреди и закани меѓу Ермира Мехмети од ДУИ и Орхан Ибраими од ДПА. „Вазали, купен легитимитет со крадени гласови, егзодус“- си дофрлаа двајцата пратеници. Претседателот на комисијата, Антонио Милошоски неколкупати се обиде да ја смири напнатоста прекинувајќи ја на момент седницата, но сепак посилна беше нетрпеливоста меѓу Мехмети и Ибраими. На навредите на Ибраими се приклучи и Имер Алиу од ДПА којшто не е член на комисијата, но сепак дојде на седницата. Ермира Мехмети на крајот заклучи дека амбасадорот Страшевски говори албански јазик и дека тоа е доволен доказ за добрососедство меѓу двете држави.
