Продолжуваат митинзите и средбите со граѓаните на претседателските кандидати

02.04.2014 09:17

Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места...

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Македонска Каменици, Делчево и Берово и помал митинг во Пехчево.
 
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски ќе има митинг во Куманово, а средби со граѓани во Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричани.
 
Коалицијата ГРОМ,  со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Штип и средби со граѓани во Свети Николе и во Карбинци, како и посети на семејство во село Радање и на занаетчија во Штип.