Финансии

Нов закон за вршење сметководствени работи за унапредување на сметководствената професија

22.12.2021 12:55

Како што информриаат од Министерството, Законот е изготвен низ инклузивен процес на консултации со сите засегнати страни, при што се прават клучни промени во насока на подигање на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите...

Нов Предлог-закон за сметководствени работи со којшто се унапредува сметководствената професија е предложен од страна на Министерството за финансии и истиот вчера е усвоен на владина седница.

Како што информриаат од Министерството, Законот е изготвен низ инклузивен процес на консултации со сите засегнати страни, при што се прават клучни промени во насока на подигање на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите, со задолжително полагање испит за влегување во професијата, како и со зголемување на бројот на часовите за континуирано професионално усовршување (КПУ).

Дополнително Предлог законот е во насока на либерализација на пазарот на организирање обуки за вршење сметководствени услуги, при што се овозможува влез на нови правни субјекти врз основа на претходно исполнети критериуми.

Дополнително, по влезот на РС Македонија во ЕУ се дава можност сметководствени услуги да даваат странски физички и правни лица, со што законот се усогласува со европската директива за услуги.