Македонија

Мијалков излегува од притвор, одлучи Апелација

22.12.2021 14:46

Одземена му е патната исправа и ќе мора да се јавува во судот, а со прифаќање на гаранцијата во имот, тој ќе излезе од притвор.

Апелација ја прифати гаранцијата од околу 11 милиони евра од поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Неговата жалба била уважена и решението на Основниот суд за притвор е преиначено, велат од Апелцискиот суд.

Одземена му е патната исправа и ќе мора да се јавува во судот, а со прифаќање на гаранцијата во имот, тој ќе излезе од притвор.

Мијалков од 26-ти февруари е во притвор, во затворот Скопје. Неправосилно беше осуден на осум години затвор за случајот „Трезор“, за набавката на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК.

Има и првостепена пресуда од 12 години затвор за случајот „Таргет – Тврдина“, за нелегалното прислушување, а во тек се и неколку други предмети за коишто е обвинет.

Тој ќе биде пуштен на слобода откако ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција.