ЗЕЛС

Арсовска: Не можам да преземам одговорност за реализација на милионски проект кој не е од интерес на граѓаните

22.12.2021 15:37

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска нема да го спроведе проектот за брз автобуски транспорт. Вели, не е од интерес на граѓаните и нема потреба од референдум. Ја презеде претседателската функција во ЗЕЛС. Беа избрани и членовите на телата на заедницата...

„Не можам да преземам одговорност за реализација на милионски проект кој не е од интерес на граѓаните.“ Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која од денеска ја презема претседателската позиција во ЗЕЛС, вели дека има премногу ризици за проектот „Брз автобуски превоз“ да биде спроведен.

Двајцата потпретседатели на ЗЕЛС, Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово и Висар Ганиу, старо-новиот градоначалник на Чаир, рекоа дека ќе се трудат да бидат поддршка на општините.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа одржа конститутивната седница на Генералното собрание, на која беа избрани членовите на Управниот одбор, Комитетот на региони и Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

Катерина Топалова