Политика

Партиите со реакции по говорот на Пендаровски

22.12.2021 16:01

За мнозинството државничко, за опозицијата невпечатливо – реакции за обраќањето на претседателот Пендаровски...

Очекувани реакции по традиционалното обраќање на претседателот на државата Пендаровски. Во СДСМ говорот го оценија како државнички. Во ДУИ се согласија со изреченото во законодавниот дом, особено во делот на зачленувањето во НАТО и евроинтегративните процеси.

ВМРО-ДПМНЕ укажа на предвидливост, невпечатливост и говор без изненадувања. Дополнија, Пендаровски не успеал да се оттргне од сенката на Заев. Во БЕСА оценија - Пендаровски укажал на недостиг од демократија и неказнивост во државава, додека за Алијанса препораките на ЕУ не се спроведуваат.

Годишното обраќање на Претседателот беше бојкотирано од Левица, во партијата објаснија - Пендаровски не е релевантен политички фактор.

 

Игор Панов